Најстариот американски ветеран од Втората светскта војна, Лоренс Брукс, го прослави 110. роденден, пренесе „Гласот на Америка“. Прославата се одржа во Националниот музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс. Брукс за американските медиуми на прославата изјави дека тајната на неговата долговечност е љубовта кон целото човештво.
Лоренс Брукс е роден на 12 септември 1909 година и служел во составот на 91. инженерски батаљон, во чии редови имало главно војници од афроамериканско потекло, а бил стациониран на Нова Гвинеја, а потоа и на Филипните. Неговите задолженија биле перење на постелнина и на униформи, и чистење и полирање на обувки на белите офицери. За време на војната Брукс добил чин помлад водник.
Текстот Најстариот американски ветеран од Втората светска војна наполни 110 години е превземен од Reporter.mk.