Профилите ба речиси 50 милиони корисници на „Фејсбук“ биле изложени на безбедносен пропуст, соопштија од компанијата. Од „Фејсбук“ велат дека напаѓачи успеале да ја искористат ранливоста позната како View As за да се здобијат со контрола на профилите на луѓето. Прекршокот го откриле во вторникот и веднаш ја информирале полицијата.
Корисниците кои потенцијално биле цел на напад, добиле известување дека треба повторно да се логираат. Од компанијата велат дека проблемот бил веднаш решен.
„Бидејќи ние само што започнавме истрага, допрва треба да утврдиме дали овие сметки се злоупотребувани или има пристап до какви било информации. Исто така, не знаеме кој стои зад овие напади или каде се наоѓаат”, рече шефот за безбедност на компанијата, Гај Росен.
Росен додаде и дека приватноста и сигурноста на луѓето им е неверојатно важна и дека жалат што се случил ваков пропуст.
Текстот Нападнати се профили на 50 милиони корисници на „Фејсбук“ е превземен од Reporter.mk.