Куќичките и хранилките за птиците можат да се направат лесно. Повеќето предмети кои ви се потребни за да направите куќичка за птици веќе ги имате дома. Потребно е само да ја употребите вашата фантазија и да ѝ дадете малку доза на креативност. Лименките од храна, пластичните шишиња, тетрапак пакувања, картонска табла за јајца и слично се само некои од работите што можете да ги искористите за на птиците да им направите дом.
Ако сте вешти со алат и имате парче шперплоча, можете да ја исечете и залепите или заковате со шајки, а потао куќичката да ја обоите во весели бои и да ја поставите на видна локација.
Хранилка можете да направите од лименка или пак од коцки за играње, и исто да ја поставите на видно место.
Текстот Направете сами куќичка за птици е превземен од Reporter.mk.