Сите што мрзат да пеглаат алишта, сега ќе може самите да подготват домашен спреј со кој ќе ги испрскаат алиштата, а тие ќе „се пуштат“ како да се пеглани. За подготовка на спрејот ви требаат 400 милилитри дестилирана вода; мала лажица омекнувач за алишта; мала лажица алкохолен оцет и празно шише со распрскувач.
Во шишето ставете ја дестилираната вода, па додајте ги омекнувачот и алкохолниот оцет. Смесата промешајте ја да се спојат сите состојки. Облеката треба да биде сува. Најпрво порамнете ја со рака, па испрскајте ја. Ставете ја на закачалка да се исуши и таа ќе биде иста како да сте ја испеглале.
Текстот Направете сами спреј што пегла алишта е превземен од Reporter.mk.