Со доаѓањето на топлите денови, го чувствуваме на сè поинтензивното влијание на сончевите зраци. Користиме креми и лосиони за сончање, кои ја штитат нашата кожа од негативните УВ зраци. Меѓутоа, што е со нашата коса? Иако првобитно не го гледаме оштетувањето, кога тоа ќе сстане очигледно, најчесто е веќе доцна, и единствено што ни останува е да ја скратиме косата за да ја елиминираме настанатата штета.
Сонцето ја суши косата, и во голема мера допринесува до тоа да делува безживотно, ако не е адекватно заштитена. Адекватните средства за заштита на косата кои можете многу лесно и самите да ги направите се токму она што ви треба.
Едноставна и кратка ефикасна формула на спреј за заштита на косата има и дополнителни функции. Неговата мисија е да ја негува вашата косата од коренот кон врвовите, како и благодарение на додатокот од есенцијалните масла ги стимулира фоликулите на косата. Фантастичниот мирис, ќе направи вашата коса да виде вистинска сензација на плажа, или било каде и да се појавите во текот на летото. Со редовното користење, вашата коса ќе ја добие неопходната заштита, јачина и хидратација.
Состојки:
- 1 шолја дестилирана вода;
- 2-3 лажици крема за сончање SPF 25
- 3-4 капки масло од рузмарин
Подготовка:
Во сад сипете дестилирана вода, потоа додадете крема за сончање и на крајот капнете од маслото од рузмарин. Добро промешајте и сипете во шишенце со распрскувач. Протресете го пред секоја употреба. Нанесете на коса рамномерно по целата должина, пред влегување во море или базен. Водете грижа добро да го нанесете спрејот на темето на главата и на краевите на косата.
Текстот Направете сами спреј за заштита на косата од сонце е превземен од Reporter.mk.