Американската вселенска агенција НАСА, наскоро планира да ја изведе својата прва мисија на Марс, во која е вклучен и човечки екипаж. Но, пред да ги испрати астронаутите на Црвената планета, НАСА има во план да изгради една мини станица во вселената, во која е планирано да се вдомат членовите пред да тргнат на пат кон Марс.
Индустриската компанија Lockheed Martin веќе има направено прототип од вселенскиот мини хотел. Неговиот централен елемент е цилинтричен модел со димензии во однос 6,7 метри и 5,02 метри, пренесува CNBC.
Овој вселенски мотел е поголем од руската капсула „Сојуз“, но, помал од Меѓународната вселенска станица, која е конструирана од шеснаесет помали модули кои покриваат поголем дел од просечен фудбалски стадион.
Со оглед на големината на цилиндрот, животот во вселената ќе биде прилично тесен за четворицата астронаути, кои таму веројано ќе живеат до 60 дена, пред да тргнат на пат кон уште подлабоката вселена.
Една од намените на „хотелот“ е претставена како стојалиште на патот кон Марс.
„Станува збор за еден вид на камп приколка. Внатре ќе го имате целото потребно време да се премесат работите за да го прилагодите животниот простор“, вели Бил Прат, менаџерот на Lockheed Martin.
„Масата и креветот ќе се развлекуваат, а останатите работи ќе се разместуваат во посебни оддели“, вели Бил.
Цилиндричниот вселенски мотел покрај просториите за спиење, ќе има и купатило, опрема за вежбање, простор за научни експерименти и кујна. Моделот е смислен како дел од предложената вселенска станица на НАСА, под името Deep Space Gateway.
Минијатурните вселенски станици кои би кружеле околу Месечината би служеле како едно од стојалиштата на патот за истражување на вселената.
Текстот НАСА гради минихотел за астронаутите на патот до Марс е превземен од Reporter.mk.