Поради технички проблеми во последните минути пред полетувањето, НАСА вчера го одложи лансирањето на соларната сонда „Паркер“ кон Сонцето. Но, денес мисијата беше успешно изведена и ракетата е лансирана во вселената, каде ќе помине седум години.
Лансирањето на сондата вчера беше откажано 55 секунди пред планираното време, а како причина била наведена техничка грешка, пренесува АП.
Оваа ракета ќе биде првото вселенско летало кое ќе се доближи до Сонцето седум пати поблиску од кое друго летало досега.
Тоа на научниците ќе им овозможи да соберат колку е можно повеќе информации за соларниот систем.
Текстот НАСА испрати сонда кон Сонцето е превземен од Reporter.mk.