НАСА плаќа 16.500 за лежење во кревет и гледање телевизија

НАСА бара волонтери на кои ќе им плаќа 16.500 евра за да гледаат телевизија легнати во кревет два месеци, за да ја
тестира вештачката гравитација.

Волонтерите ќе имаат телевизор, материјал за читање и други активности за да не им биде здодевно. Учесниците во истражувањето ќе лежат во специјализирани кревети два месеци, за да се тетсира како вселенскиот лет влијае
на човечкото тело.

Пријавите за овие работни места се затвораат на 24 мај, а тестирањето почнува во септември. Секако, и за оваа „работа од соништата“ има одредени услови – сѐ, ама буквално сѐ, од јадење и одење во веце, ќе треба да го
правите лежејќи во кревет.

НАСА го води истражувањето со Европската вселенска агенција (ЕСА) и Германскиот вселенски центар (ДЛР).

ЕСА соопшти дека ова истражување ќе помогне да се открие како бестежинската состојба, космичкото зрачење, изолацијата и просторните ограничувања влијаат на астронаутите.

Истражувањето ќе се занимава и со мускулната атрофија што се случува кога астронаутите се долго време во вселената.

„Научниците ќе проверат дали употребата на вештачка гравитација ќе биде најдобро решение за заштита на човековото здравје за време на долготрајни вселенски мисии“, изјави научникот Едвин Мулдер од ДЛР и додаде дека во Келн во период од 60 дена ќе тестираат вкупно 24 волонтери.

Организаторите на истражувањето им препорачуваат на волонтерите да го искористат времето поминато во кревет за посетување онлајн курсеви или стекнување нови вештини.

Текстот НАСА плаќа 16.500 за лежење во кревет и гледање телевизија е превземен од Reporter.mk.