Војаџер 2 се доближи до границите на Сончевиот Систем, а научниците од НАСА дошле до тој заклучок по анализа на податоците собрани од „Вселенскиот зрачен потсистем“ (ЦРС)
Според пресметките, Војаџер 2 е на растојание од 17,7 милијарди километри од Земјата, што 118 пати поголемо од она меѓу нашата планета и Сонцето. Зголемувањето на енергијата на вселенските зраци коешто самото летало го регистрирало, не мора да значи дека се наоѓа во Хелиопаузата, т.е. границата на нашиот планетарен систем.
Вселенските истражувачки летала Војаџер 1 и Војаџер 2 имаат иста маса – и едниот, и другиот тежат 815 килограми. Војаџер 2 беше лансиран август 1977 година, 16 дена пред Војаџер 1.
Инаку „Двојката” стана првата вселенска направа што ги прелета четирите планети џинови во Сончевиот Систем, што доведе до откривање на три нови природни сателити на Јупитер, четири на Сатурн, 11 на Уран и шест на Нептун.
Војаџер 1 тргна во друг правец. Откако прелета крај Сатурн, скршна кон меѓуѕвездното пространство и во декември 2011. стана првиот предмет направен од човекот кој влегол во Хелиопаузата.
Леталата ќе одржуваат контакт со Земјата до 2027 година, според научни проценки.
Текстот НАСА: Војаџер 2 се доближи до Сончевиот Систем е превземен од Reporter.mk.