НАСА за Нова година го сними најодалеченото тело во Сончевиот систем

Американската вселенска агенција НАСА за време на Новата година направи фотографија на најодалечениот објект кој некогаш се наоѓал во Сончевиот систем.

Фотографијата на небесното тело Ultima Tule, го направила сондата „Њу хорајзонс“, околу 30 минути по полноќ по локално време.

Контролорите во лабораторијата за примена на науката на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, го прославиле моментот кога снимката направена од леталото стигнала на Земјата.

Забележано е дека космичкото тело се стеснува во средината. Претходно е пресметано дека објектот е долг околу 32 километри, а широк 16 километри, а сега тоа може и точно да се утврди.

Фотографијата, како што пишува Си-Ен-Ен, е направена на оддалеченост од околу 500.000 милји, или околу 800.000 километри. Научниците велат дека постои можност да се работи за две тела.

„Постојат две работи кај Ultima Tule, кои се важни за науката. Прво, порад тоа што станува збор за голема оддалеченост од Сонцето, сончевите зраци едвај пробиваат до него, а температурите се на апсолутна нула. Како резултат на тоа, се е замрзнато, така што небесното тело е сочувано во својата оригинална состојба.

„Такво длабоко смрзнатото тело, со пречник од околу 30 километри, не може да има геолошка активност на површината како што има Плутон. Плутон е е ладен, но и покрај тоа можат да се забележат активности на површината и атмосферата. Ultima Tule, едноставно тоа го нема“, вели главниот истражител Алан Стерн.

Сепак НАСА допрва ќе прима податоци од „Њу хорајзонс“. Од таму велат дека се потребни 20 месеци за сите податоци стигнат на Земјата. Сигналот од леталото патува шест часа, пред да стигне до Земјата.

Ultima Tule се наоѓа зад Плутон, каде што во 2015 година прлета „Њу хорајзонс“. Од тогаш леталото испрати некои детални фотографии од небесното тело, кое некогаш се сметаше за планета. Сондата „Њу хорајзонс“ беше лансирана во 2006 година.

 

Текстот НАСА за Нова година го сними најодалеченото тело во Сончевиот систем е превземен од Reporter.mk.