Социјалната мрежа Инстаграм, во декември ќе ги испробува новите додатоци, а тоа подразбира и одредени промени поврзани за иконите и навигацијата.
Не се работи за голема промена, но ќе се примет разлика, затоа што профилната слика ќе биде поместена во десниот агол, а вашето име со голем фонт ќе биде напишано на врвот на страницата, а бројот на објавите повеќе нема да биде на насловната страна.
„Работевме на овие промени и ќе ги тестираме низ фази во различни комбинации во нашата заедница во наредните неколку недели. Ќе продолжиме со екприментирањето и ќе се менува во согласност со вашите реакции“, стои во објавата испратена во јавноста од надлежните во Инстаграм.
Текстот Наскоро промени во Инстаграм е превземен од Reporter.mk.