National Geographic ја одбра најубавата фотографија за 2018 година

Редакцијата на магазинот National Geographic ја одбра најдобрата фотографија за 2018 година. Делото на Џејсен Тодоров, инструкторот по летање и виолинист, на која е прикажан поглед од птичја перспектива на „гробишта“ на автомобили од „Ауди“ и „Фолксваген“ го освои првото место.

Фотографијата е направена во калифорниската пустина Мохаве, а била класифицирана во категоријата на места под името „нереално“.

„Се надевам дека сцените како овие ќе помогнат да станеме свесни и повеќе да се грижиме за нашата прекрасна планета“, изјавил Џејсен, кој за својот напор освоил награда од 5000 долари.

Автомобилите се произведени во периодот меѓу 2009 и 2015 година и биле дизајнирани за тестирање на емисии на гасови. По скандалот, компанијата „Фолксваген“ била принудена да повлече милион автомобили.

Фотографијата со автомобил марка „форд тандерболт“ покриен со црвниот песок за време на бура во Тексас го освои второто место.

За трета најубава фотографија била избрана сликата направена во Хомс, град во Сирија.

Речиси 10 000 фотографии секоја година пристигнуваат во редакцијата на National Geographic. На годинашниот фото-конкурс имало учесници од 150 држави, а бодувањето се состоело од многубројни проценки на основа на креативност, квалитет на фотографијата и автентичност на содржината.

Фотографиите биле поделени во три категории: места, дивина и луѓе.

Во категоријата „Луѓе“, како најубава фотографија бил одбран портретот на Дејвид Мујочекере, сопственик на фото-студио во кинеската престолнина Најроби.

 

Второто место му припадна на фотографот Тод Кенеди, кој ја фотографирал неговата ќерка додека се капела.

Како трета најубава е избрана фотографија со хиндуистички верник кој бакнува новороденче за време на фестивал во индиската држава Западен Бенгал. 

Во категоријата „Дивина“, првото место го освои фотографијата со гнуови кои ја преминуваат реката Мара во Танзанија.

 

 

Второто место беше доделено за фотографија направена во Гренланд.

 

На третата најубава фотографија се гледаат носорози снимени во јужноафриканскиот резерват „Зиманга“.

Почесното место беше загарантирано за фотографијата со сино езеро на јапонскиот остров Хокаидо.

Текстот National Geographic ја одбра најубавата фотографија за 2018 година е превземен од Reporter.mk.