Научници открија планета која се топи од сопственото Сонце

Научниците од НАСА открија нова планета со големина на Нептун, за која велат дека се приближила премногу до ѕвездата околу која кружи, што наскоро ѝ се заканува целосно да се истопи.

Експертите велат дека ова е најопасниот начин на кој планетите ја губат својата маса ѝ додаваат дека случајот со новооткриената планета е најекстремен од досега познатите. Новата планетата губи од својата маса, многу повеќе од која било егзопланета која се нашла во таква ситуација, велат научниците.

Американските експерти предупредуваат дека во наредните неколку милијарди години, половина од планетите би можеле едноставно да исчезнат. Во случајов се работи за планетата GJ 3470b, која в научните кругови е позната како „Жежок Нептун“. Се работи за жешка џиновска планета како Нептун или Јупитер.

Единствената разлика меѓу новооткриената планета со Нептун е тоа што таа се наоѓа многу поблиску до својата ѕвезда од која било планета од нашиот Соларен систем. Новооткриената планета е толку блиску до ѕвездата, што цело време испарува во космосот. И покрај тоа што станува збор за голема планета, ова тело нема голема маса.

Исчезнувањето на планетата GJ 347Ob би можела да даде корисни информации за функционалноста на гасните планети кои се наоѓаат надвор од нашиот Соларен систем. Станува збор за ретки вакви планети, кои меѓу научниците се познати и како „гасни Нептуни“.

Научниците велат дека дошле до заклучок дека откако планетите од ваков тип ќе се распаднат откако премногу ќе се добилижат до нивните Ѕвезди, од нив се создаваат „мини-Нептуини“.

 

Текстот Научници открија планета која се топи од сопственото Сонце е превземен од Reporter.mk.