Американски научници успеаа да соберат и анализираат примероци од ДНК од тело на маж старо 11.000 години, кој што починал во денешна Невада. Бил пронајден замотан во ќебе од зајачка кожа и погребан во пештерата Спирит.
Покрај неговиот примерок, научниците успеале да земат примероци од уште 70 древни луѓе кои биле откриени низ цела Америка. Велат дека новите откритија ќе им дадат одредени детали од приказната за тоа кога и како луѓето се рашириле низ целата западна хемисфера.
Првите познати луѓе кои таму дошле биле од Азија и веќе биле поделени по групи, покажале првите резултати од истражувањата. Некои од популациите цветале и станале предци на домородните народи, кои се прошириле низ целата хемисфера. Другите изумреле, велат научниците.
Претходните студии покажале дека луѓето преминале во Америка на крајот од последната ледена доба, патувајќи од Сибир во Аљаска преку земјениот мост, кој сега се наоѓа под Беринговото море. Од таму се прошириле јужно и со време стигнале до Јужна Америка, пренесува Nedeljnik.
До неодамна, генетичарите не можеле премногу да кажат за тие широки миграции. Последните неколку години, геноми на 229 древни луѓе се пронајдени ширум Америка.
Еден потекнува од остатокот на древните жители од Беринговата мореуза. Тоа бил вториот древен „Беринговец“ чија ДНК е анализирана. Првиот бил стар 11.500 години, а бил откриен во јануари минатата година од страна на Ески Вилерслев, генетичар од Универзитетот Копенхаген. Станува збор за девојче пронајдено на Аљаска.
Вториот е откриен неколку километри подалеку од првиот. Се претпоставува дека живеел пред околу 9000 години, навел тимот на доктори од Вилерслев. Древните Беринговци се одвоиле од своите предци староседелци на Америка пред 20.000 години. Новите откритија покажуваат дека живееле илјадници години, а тогаш исчезнале и не оставиле никаква позната генетска трага меѓу живите луѓе.
Другиот бран на мигранти заминал на југ. Се поделиле во две гранки. Едните заминале на север, кон Канада и Аљаска, а другите продолжиле на југ. Податоците покажуваат дека брзо се прошириле низ американскиот континент. Мажот од пештерата Спирит, бил дел од тој јужен крак.
Бил во сродство со 12.700 години старо момче од Монтана, навел доктор Вилерслев. Дејвид Рајх од Универзитетот Харвард и неговиот тим откриле врска меѓу момчето од Монтана и другите древни Јужноамериканци. Тоа сродство укажува дека мигрантите брзо се преселиле од Северна во Јужна Америка.
Пред 9000 години, дополнителен бран на луѓе тргнале кон југ, навеле двата тима. Доктор Вилерслев верува дека новодоселениците се помешале со постарите популации. Но, доктор Рајх вели дека постојат докази дека двата брана мигранти целосно биле заменети од луѓето кои живееле во Јужна Америка.
Истражувањето покажало дека постоел извонреден континуитет. Групата на доктори, Вилерслев го споредиле со генот на човекот пронајден во пештерата Спирит, со остатоците од четворица други откриени тела во близина, кои живееле пред 600 години. Сите биле во сродство, открива неговиот тим иако ги раздвојува период од 10.000 години.
Слична врска била пронајдена и во Андите. Џон Линдо од Универзитетот Емори и неговиот тим ја анализирале ДНК на седумина лица кои живееле на големи височини пред 6800 години до 1400 години.
Експертите проценуваат дека луѓето кои живееле во планините над 2300 метри, биле одвоени од популацијата која живеела во пониските предели пред 9200 до 8200 години. Денес планинските луѓе и понатаму покажуваат силна генетска врска со тие древни остатоци.
„Тоа не е нешто што не може да се види во повеќето други региони во светот“, изјавил доктор Рајх.
Текстот Научници откриваат како е населена Америка? е превземен од Reporter.mk.