Ако човекот сака долгорочно да престојува на Месечината, покрај ракетното гориво ќе мора да изнајде начин како да создаде воздух за дишење. Од Европската вселенска агенција, велат дека го имаат решението.
Тие спровеле пилот проект со постројки, за кои велат дека може да ја претвораат прашината на Месечината во воздух и гориво. Техниката која се применува со овој прототип, може да ја издвои материјата од месечевата подлога, коритејќи соли растопени во процесот на електролиза.
Со нив би се загревала прашината од Месечината и преку солта, ќе се спроведува кислородот во состојба на позитивни јони. Се очекува овој процес дополнително да го охрабри и да им даде поттик на сите истражувачи кои имаат во план во иднина да ја истражуваат Месечината.
Од Евопската вселенска агенција велат дека на овој начин би се обезбедиле легури за изградба на населби и возила, но потребно е да се направат уште многу работи, пред постројките стигнат на Месечината, пишува Engadget.
Научниците велат дека мора да се најде начин како да се задржи кислородот во нив, наместо да испуштаат само гас. Научниците би требало до крајот на проектот да испитаат која легура би била најкорисна како нуспроизвод.
Тест постројките како што се очекува, би требало да бидат завршени до средината на 2020 година. Ова делува дека само прашање е на време кога истражувачите ќе можат да произведат воздух на Месечината, пишува Engadget.
Текстот Научниците најдоа начин како да произведат кислород на Месечината е превземен од Reporter.mk.