Научници работејќи на каменолом во Габона откриле револуционерни докази за развојот на животот на Земјата. Велат дека по истражувањата дошле до сознанија дека првобитните живи организми самите можеле да се движат.
Како што пренесува „Ројтерс“ научниците пронашле одлично сочувани фосили во црна пештера стара 2,1 милијарди години. Научниците откриле тубуларни структури направени од организми кои се движеле низ ретка кал. Фосилите датираат од периодот кога животот почнал да се развива во посложени форми.
Меѓународниот тим предводен од научници од Универзитетот во Поитиерс во Франција, изјавил дека новите откритија придонесуваат за појава на нови сознанија и прашања за историјата на животот, пишува „Индепендент“.
Научниците сега сè прашуваат дали овие биолошки иновации се вовед во повисоко усовршување на обликот на движење или пак станува збор за експеримент кој бил прекинат поради драстичниот пад на стапката на атмосферски кислород, нешто што сè случило пред приближно 2083 милијарди години.
Како што навеле научниците, станува збор за повеќе или помалку извиткани структури кои се тубуларни, со дијаматер од неколку милиметри и минуваат низ меките слоеви на седиментивните карпи.
Животот се појавил во океаните пред околу четири милијарди години, но најраните облици на живот не биле способни самостојно да се движат.
Текстот Научниците откриле фосили стари 2,1 милијарди години е превземен од Reporter.mk.