Во парче килибар во Бурма научниците открија праисториски фосил на полжав стар 99 милиони години, пишува „Нешнал џиографик“. Тие велат дека ова е едно од најзначајните откритија во историјата на палеонтологијата бидејќи во фосилен облик се сочувало мекото животинско ткиво, а досега во истражувањата немало толку стар фосилен облик. Од мекото ткиво се зачувани главата, стапалата и пипците.
Иако примерокот е помал од половина сантиметар, научниците сепак имаат увид во животот на полжавите во времето на диносаурусите. Лида Ксинг од кинескиот Универзитет за геонаука во Пекинг рекла дека двата крака и окото на полжавот се сочувани недопрени.
Текстот Научниците пронајдоа фосил на полжав стар 99 милиони години е превземен од Reporter.mk.