Деветгодишно момче од Германија, криејќи се од своите родители, се јавило во полиција да пријави дека не му се допаднале подароците кои го добил за Божиќ. Момчето во вторникот се јавило на службите да се пожали дека не добил ниту еден подарок од неговите најблиски кој бил наведен на неговата листа на желби.
„Полицијата стигнала и го пронашла момчето расплакано и гневно. Полицајците имале мирен ден, па одлучиле да се пошегуваат. Тие глумеле посредници меѓу детето и родителите. Ги споредиле подароците од неговата листа на желби, со оние кои навистина ги добил“, изјавил портпаролот на локалната полиција.
На крајот полицајците го решиле случајот на многу едноставен начин. Тие го смириле расплаканото момче и го убедиле младото момче дека Дедо Мраз веројатно ја помешал неговата листа со листата на некое друго дете.
Текстот Не му се допаднале подароците, па се јавил во полиција да се пожали е превземен од Reporter.mk.