Минатата година беше бурна на политички план. Оваа година ја одбележаа неколку изјави на светските лидери. Некои од нив немаа смисла, а некои го насмеаа светот.
Доналд Трамп, американскиот претседател
„Можев да бидам најпопуларна личност во Европа. Можев да се кандидирам за која било функција, но не сакав.
„Имав состанок во Пентагон со многу генерали. Беше како на филм, подобро изгледаат од Том Круз и посилни се. Имав повеќе генерали отколку што сим видел.
„Ми беше многу лесно во животот. Кој можеше да знае дека оваа функција ќе биде така тешка, но јас тоа го сакам. Пишувам и книга, мислам дека имам напишано 12 досега.
Владимир Путин, рускиот претседател
„Не, не сум вонземјанин. Имам докази за тоа. Имам многу роднини кои тоа можат да го потврдат, но и моите ќерки можат да бидат сведоци.
„Се разбира дека чувствувам страм, како и секоја друга личност. Се срамам, на пример, што ја изгубив пораката на една старица која ме молеше за помош.
Ангела Меркел, германската канцеларка
„Разбирам зошто Путин го прави тоа, за да докаже дека е маж. Тој се плаши од своите слабости. Русија нема ништи, нема успешна политика и економија. Сè што има е тоа.
Емануел Макрон, претседателот на Франција
„Она што во моментов го гледаме е мозочна смрт на НАТО“.
Текстот „Не, не сум вонземјанин“, бизарни изјави на светски лидери во 2019 е превземен од Reporter.mk.