Не сака да ги дели парите од џек-потот со внукот

Канаѓанката Барбара Редик и нејзиниот внук Тајрон Мекинис заедно одиграле лото тикет, а среќата широко им се насмевнала. Барем за кратко време. Иако заедно позирале со освоените 1,2 милиони канадски долари (810.000 евра), Барбара на помладиот роднина му порачала дека од наградата нема да добие ништо.

„Никогаш не сум му ветила дека ќе ја поделиме добивката. Ќе одиме на суд, ќе ангажирам адвокат“, порачала пред изненадените посетители на церемонијата, каде им беше врачен добитниот чек.

Видно изненадени, Тајрон тогаш порачал дека Барбара лаже и дека заедно го одиграле лото тикетот, а се договориле да ја поделат добивката ако освојат нешто.

„Не се имаме договорено ништо, само го ставив неговото име на ливчето, затоа што тој го сметав како син“, изјавила Барбара.

Таа додала дека му ветила дека ќе поделат евентуална мала добивка, но не и џекпотот.

„Тој имаше среќа, но не би му дала половина милион долари“, изјавила Барбара.

 

Текстот Не сака да ги дели парите од џек-потот со внукот е превземен од Reporter.mk.