Овен
На повидок е крупна материјална добивка која ќе ве поттикне уште повредно да работите. Го цените трудот и на трудот на другите, но ова што ќе се постигне сега ќе сметате дека е пред сè ваша заслуга. Најпосле ќе се чувствувате посигурно во врската. Ќе бидете подготвени на разни лудории, па и ризици затоа што знаете дека саканата личност ве сака најмногу на светот. Дури и ако погрешите ќе ви биде простено.
Среќен ден: Четврток
Бик
Вашиот љубовен партнер и вие оваа недела бидете различни од остатокот на светот. Вашата енергија и љубов се посилни од се. За викенд ве очекува хармонија во домот, што ќе допринесе да односите помеѓу членовите во семејството значајно се поправат. Ви се советува да ги искористите предностите на вашите оригинални идеи. Добар момент е за работење на долгорочни планови и проекти.
Среќен ден: Сабота
Близнаци
Работата и размислувањето поврзано со финансиите ќе бидат доминантни во почетокот на неделата. Посветите се на колегите на работата или на своите вработени доколку ги имате. Во викендот влезете со насмевка. Бидете позитивни и флексибилни кога се во прашање другите луѓе. Само со позитивен став ќе привлечете позитивни оцени.
Среќен ден: Вторник
Рак
Ништо не ви е доволно интресно и енергијата нема да ви мирува. Заинтересирани сте за забрането овошје и би можело да ви се случи „забранета љубов“ и тајна љубов, меѓутоа вие ќе го прекршите правилото. Многу ќе се фалите и ќе раскажувате за своите љобовно-еротски доживувања, што не е многу неопходно. Внимавајте на вирусните инфекции. Можна е забоболка.
Среќен ден: Недела
Лав
Оваа недела фокусот ќе ви биде на социјалниот живот, здравјето и работата. ние кои се во неодамнешна врска ќе бидат доста сомничави кон верноста на партнерот и ќе се запрашате дали сте направиле вистински избор. Можно е многу работи да се променат во вашиот живот ако бидете спремни на извинување, промена на ставот или ако станете поприлагодливи.
Среќен ден: Вторник
Девица
Оваа недела се ќе ви оди од рака и на тој начин ќе имате една многу забавна недела. Фокусот ќе ви биде на комуникацијата и посветувањето на социјалниот живот, како и на љубовниот кој го очекува една фантастична фаза. Без разлика дали барате љубов или само пријателство, насмевката и дружењето ќе ги осветлат вашите денови.
Среќен ден: Четврток
Вага
Оваа недела ќе посакате малку повеќе да се задоволите себеси, бидејќи деновите пред вас се баш такви, релаксирачки и забавни. Кога ќе дојде до дружење распоредот на астролошките соѕвездија ќе ве поттикне да се поврзете со некои луѓе кои имаат исти амбиции и желби како вас.
Среќен ден: Петок
Шкорпија
Оваа недела ќе се почувствувате препородено во секој поглед, па така слободно преземете иницијатива како би го добиле она што го сакате и искористете ја духовната енергија да решите некои стари проблеми. Не заборавајте дека доколку бидете подоготвени настрана да ги оставите лошите мисли и намери, повеќе ќе се фокусирате на шансите кои ви се пружаат.
Среќен ден: Понеделник
Стрелец
Доколку постои некој проблем кој ве измачува веќе подолго време, неделата која е пред вас е идеална за негово разрешување. Во исто време, фокусирајте се на кариерата, бидејќи успехот не е така далеку како што ви се чини. Меѓутоа, како би уживале, ќе мора да ги покажете своите квалитети и способност.
Среќен ден: Сабота
Јарец
Распоредот на ѕвездите позитивно ќе се одрази на вшаиот социјален живот, ќе бидете популарни повеќе отколку ште сте досега. Постои голема шанса за одлични можности, кои само чекаат на вас да прифатите некој повик за социјално случување или едноставно да започнете да се дружите со луѓе. Некое подлабока мотивација можно е да влијае на вас да решете некое финансиско прашања еднаш за секогаш.
Среќен ден: Среда
Водолија
Креативните идеи ќе создадат голем потенцијал за заработка на пари, но вие пред се ќе бидете во некој фазон на медитација и релаксирање. Пронајдете време оваа недела да ги преиспитате своите креативни идеи кои можат да ви доенсат профит. Со медитација може да ги преиспитате своите најдлабоки желби, мотивација и уживање.
Среќен ден: Недела
Риби
Оваа недела ќе имате импулсивен порив да го изразите своето мислење. Доколку некој ги предизвикува вашите идеи, сослушајте го и пронајдете компромис, во спротивност само ќе се нервирате. Ќе бидете посебно експанзивни, креативни со посебна желба за истакнување. Ова е ваша недела, а вакви денови не доаѓаат често. Уживајте!
Среќен ден: Понеделник
Текстот Неделен хороскоп (13 – 19 август 2018) е превземен од Reporter.mk.