Неделен хороскоп од 10 до 16 декември

Овен

Ви доаѓа да го срушите тоа што сте го градиле со години, но некој е разумен покрај вас и ве спречува во тоа. Размислете дали вреди сето тоа. Можен е брак со личност со која долго сте во врска. Здравјето е добро.

Бик

Ви пречат импулсивните реакции на колегите. Сакате да напредувате, но не трпите некој да ви стои на патот. Најдете решение за тоа. Ве очекува прекин на врската. Можен е замор.

Близнаци

Одлично ви оди работата, но и понатаму ви пречи што најголем дел од обврските паѓаат на вас. Време е да зборувате со надредените. Тешко ви паѓа одалеченоста од партнерот и се плашите од прекин на врската. Спијте повеќе.

Рак

Тешко ќе ви оди работата оваа седмица. Сакате да се опуштите, но тој момент никако не доаѓа. Направете план за одмор, работа и социјален живот. Ви годи самотијата оваа недела. Уживате во тоа. Здравјето е одлично.

Лав

Ве нервираат многу работи во однос на работата, но наглите потези нема да ви одат во корист. Потрудете се да останете смирени. Заљубени сте, но се двоумите околу тоа бидејќи прашање е колку може да успее љубовта. Добро се чувствувате.

Девица

Среќни сте и исполнети и подготвени за работа. Средбата со партнерот ви дава енергија за останатите аспекти. Можна е несоница.

Вага

Имате свој ритам кој не сакате да го менувате и поради тоа оваа недела ќе ви биде многу успешна. Во некаков хаос и збрка сте, кога станува збор за љубовта. Работите не се решаваат, туку само се комплицираат. Ви недостасуваат витамини.

Скорпија

Работите се добри бидејќи имате поддршка од соработниците. Сигурни сте во тоа што го правите. Немате мир во љубовта. Внимавајте во сообраќајот.

Стрелец

Вашата енергичност и организираност стапуваат на сцена оваа седмица. Имате план што сакате да постигнете. Во љубовта доаѓа мало затишјте оваа недела. Здравјето е добро.

Јарец

Кога би можеле, би работеле 24 часа. Морате да имате и време за семејството, но и да најдете време за одмор. Партнерот ве поддржува, но не разбира зошто имате потреба да работите толку многу.

Водолија

Ве мачат многу обврски. Размислувате за тоа дали имате многу товар. Сега е доцна за откажувања. Една личност размислува за вас многу. Тренирајте повеќе.

Риби

Работата не ви доаѓа тешко бидејќи работите многу. Вашиот ум ви дава сила да издржите на работа. Усогласени сте со партнерот и обврските. Најдете малку повеќе време за да бидете заедно. Добро се чувствувате.

Текстот Неделен хороскоп од 10 до 16 декември е превземен од Reporter.mk.