Овен
Ви претстои остварување на еден долго замислуван план. Во остварувањето на целите ќе ви помогнат најдобрите пријатели. Успешното реализирање на планот ќе ви донесе успех на секое поле.
Бик
Успешно ќе ги разрешите несогласувањата што во последно време се случуваат во вашето окружување. Но тоа ќе ви одземе многу време, па може да пропуштите важни моменти на работа. Партнерот ќе ви биде поддршка.
Близнаци
Период исполнет со дружење и забава. Ќе бидете презафатени со слушање на туѓите проблеми и ќе заборавите на своите. Најдете време за себе и одморете се малку од шетање, ќе ви треба енергија за на работа.
Рак
Неочекуваната средба со некоја поранешна љубов ќе ве онерасположи. Неделава расположението ќе ви биде променливо и тоа сите ќе го забележат. Не очајувајте и не предизвикувајте кавги, а за време на викендот е можна нова љубов.
Лав
Ќе имате доволно енергија за сите обврски. Слободното време ќе ви го исполни интересна личност од минатото во чија близина ќе се чувствувате одлично. На работа сѐ ќе оди по планот.
Девица
Постои личност која подолго време ве набљудува и е вљубена во вас. Неделава ќе откриете за кого станува збор и ќе бидете изненадени. Но, не се залетувајте, бидејќи може да бидете повредени.
Вага
Внимавајте како се однесувате со надредените, бидејќи на повидок ви е подолга период на криза. Опуштањето е една работа, но обврските на работа се сосема друга. Обидете се да најдете време и за двете работи.
Скорпија
Неделава ве очекува многу работа. Вашите претпоставени очекуваат подобри резултати, а вам не ви се работи. Престанете да очекувате другите да ја завршуваат реаботата за вас. Здравјето е добро.
Стрелец
На работа ви следи лош период. Една караница со шефот ќе направи да сакате да си заминете од работа. Не ве очекува ништо позитивно ни во љубовта. Оваа недела, велат ѕвездите, поминете ја само со себе.
Јарец
Оваа недела очекувајте проблеми со најблиските. Партнерот не ве разбира, семејството не ве поддржува. Пред работите да се влошат, обидете се да најдете компромис, попуштете наместо да држите до својот став.
Водолија
Оваа недела планетите се на ваша страна. На повидок е нова љубов, а можно е покачување и на платата. Претпоставените се задоволни од вашиот труд. Продолжете со истото темпо.
Риби
Оваа недела нема да добиете поддршка од оној од кој најмногу очекувате помош. Сепак, не е се така лошо, потпрете се на некој од семејството и послушајте го нивниот совет. Внимавајте на притисокот.
Текстот Неделен хороскоп од 10 до 16 јуни е превземен од Reporter.mk.