Неделен хороскоп од 17 до 23 септември

Овен

Ќе сакате да ги спроведете своите професионални намери, и притоа не губите време и дејствувате енергично во средбите со соработниците. Партнерот упорно се труди да ве наговори на неговите планови, а вие, пак, се наоѓате во ситуација каде сакате да поставите нови услови или љубовни правила. Вешто искористете го својот шарм.

Бик

Продолжете со изнаоѓање креативни идеи, но не отстапувајте од материјалните резултати. Спојот на убави и корисни работи ќе ви претставува добитна комбинација. Поради одредени сомнежи, ќе ви недостасува занос или емотивна храброст за да можете целосно да ги изразите своите намери пред блиската личност. Сепак, љубовните околности се менуваат во ваша корист.

Близнаци

Оптоварени сте со различни обврски и нови идеи со кои ќе ги заговарате вашите соработници. Со забрзан метод се трудите да завршите некои паралелни работи. Со мала волја ќе успеете да му угодите на партнерот. Повремено ќе бидете склони кон претерано идеализирање на работите, но, сепак, постои некој кој ќе ве насочи да ја прифатите реалната слика.

Рак

Дејствувате доста промислено и ќе ви биде особено важно да придобиете нечија доверба. Информациите со кои располагате нема да ви претставуваат цврста гаранција за професионалниот успех, меѓутоа нема да ви пречи и да преземете одреден степен на ризик. Во приватниот живот имате впечаток дека некој ве следи или го контролира вашето однесување.

Лав

Доколку ви е важно да ги остварите своите работно-финансиски цели, потребно е да имате добра концентрација. Нема потреба да ги преценувате личните можности, постојат ситуации во кои доаѓаат до израз вашето знаење и искуство. Доколку ви е важно да се смирите со вашата сакана личност, употребете ги своите скриени адути за да оставите добар впечаток.

Девица

Доколку своите идеи ги претставите на интересен начин, очекувајте позитивен одек и поддршка од соработниците. Испланирајте различни детали, кои ќе може да влијаат поттикнувачки на околината за подобра соработка. Доколку имате постојан партнер, потребно е да се ослободите од заемната недоверба или емотивните сопирачки кои ве спречуваат во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.

Вага

Неопходно е да го добиете потребниот семеен мир или разбирање од партнерот, за да можете да го усогласите својот ритам и психолошката рамнотежа. Сакате да импресионирате некоја драга личност, но бирате необични ситуации и претерувате во изразувањето на своите чувства. Понекогаш, желбата за емотивно да фасцинирате некого може да донесе и погрешен ефект.

Скорпија

Доколку вашите чувства се пред разумот, тоа дополнително ќе влијае на вашата несигурност, меѓутоа претставува и добар предзнак. Разубавете го својот љубовен живот, бидете заносни и привлечни на својот партнер. Понекогаш треба да се препуштите на ритамот на вашите чувства, без непотребни емотивни сопирачки и предрасуди. Спонтаноста и изразувањето на чувствата ќе ви донесат нова љубов.

Стрелец

Ќе имате сила да се изборите за подобра работна позиција и ќе бидете убедливи кон своите соработници. Имате интересни идеи, но потребно е одредено време да околностите се променат во ваша корист. Потрудете се подобро да го прилагодите своето однесување, и покажете поголема дискреција во различните средби и пред новите емотивни предизвици.

Јарец

Важно ќе биде да ги држите работите под ваша контрола, и да се консултирате со вашите соработници. Нема потреба да верувате во интимна среќа која доаѓа ненадејно. Често на субјективен начин го проценувате однесувањето на партнерот. Бидете реални во своите емотивни очекувања пред саканата личност.

Водолија

Ве очекуваат бројни обврски и нови договори на работното место. Вашите соработници ви замеруваат и ви сугерираат дека вашите лични интереси секогаш ги ставате на прво место. Потребно е да се прилагодите на различните услови кои водат кој ефикасни резултати. Ќе ви биде особено важно да се наметнете како авторитетна личност во друштво на саканата личност.

Риби

Иако имате премногу работа, се обидувате да најдете задоволство. Доколку добиете привлечна понуда за промена на работното место, не залетувајте се и не ги идеализирајте потенцијалните соработници. Рибите во брак или во цврста врска размислуваат за почеток на заеднички проект со партнерот.

Текстот Неделен хороскоп од 17 до 23 септември е превземен од Reporter.mk.