Овен
Во овој период можна е соработка со странци или некои нови партнери кои ќе ви дадат одлични предлози за бизнис. Соберете ги сите потребни информации. Според личноста која ви се допаѓа би требало да покажете поголема иницијатива. Доколку сте во брак ќе бидете подготвени на секаков вид на компромис. Проверете ја крвната слика.
Бик
Во текот на оваа недела ќе добиете понуда на работното место која би можела да ви донесе повеќе пари и напредок во кариерата. Некоја водолија ќе се обиде да ви покаже колку и значите. Вие повеќе ќе сакате времето да го поминувате со семејството и пријателите. Одлично се чувствувате.
Близнаци
Потребно е малку повеќе да се залагате за работата. Некако ја запоставувате во последно време, тоа може да ви донесе конфликти. Партнерот повеќе се интересира за вашиот бизнис успех отколку за романтичните моменти во пар. Искрено разговарајте со него. Можни се болки во мускулите.
Рак
Некои помлади соработници можат да ви бидат од голема корист, особено доколку работите во медиуми или сте вклучени во некоја тимска работа. Слободните ќе имаат интересни шанси оваа недела. Оние во брак или врска целото слободно време ќе сакаат да го поминат со партнерот. Добро се чувствате.
Лав
Очекувате одговор во врска со деловната понуда кој сте му ја дале на некој бик или некој кој се занимава со трговија. Во текот на оваа недела вашата креативност ќе дојде до израз. Ако сте слободни ќе запознаете личност која не е премногу подготвена да се ангажира во љубовта, а тоа ќе ве разочара. Оние во врска ќе смислат убаво изненадување за партнерот. Чувајте се од вируси.
Девица
Сте поставиле превисоки цели, а немате ниту доволно време ниту енергија за да ги остварите. Обидете се да ја избегнете расправијата со некоја скорпија. Доста добро ја поднесувате ситуацијата во приватниот живот која не ви одговара, а совет е за своите проблеми на никого да не му зборувате. Слободното време искористете го за одмор.
Вага
Ќе добиете деловни понуди кои на прв поглед изгледаат одлично, но сепак разгледајте ги условите и размислете уште еднаш. Со упорноста и шармот ќе го постигнете она што го сакате. Оваа недела само ситни проблеми ќе ве измачуваат, бидете релаксирани. Одлично
Скорпија
Можен е пад на концентрацијата, затоа внимавајте да не потпишете некој документ што не треба да го потпишете. Поведете малку повеќе сметка за финансиите. Личноста која сте ја запознале на некое кратко патување едвај чека повторно да ве види, вие не сте ни свесни за тоа. Доколку сте во брак или врска тоа може да ви создаде големи проблеми. Исцрпени сте и уморни. Спијте и одморајте повеќе.
Стрелец
Би било добро што поскоро да донесете одлука во врска со новата работа со странци или да ги завршите започнатите проекти, особено ако веќе подогло време ви стојат незавршени. Слободните ќе имаат шанси кај некој во знакот на риби, оние во врска или брак ќе мораат целосно да му се посветат на партнерот. Некој хроничен проблем кој го имате повторно ќе се активира.
Јарец
Некој од пријателите ќе ви понуди да започнете заеднички бизнис. Една вага ќе биде многу упорен, бидејќи ве смета за лице од доверба. Доколку ви се допаѓа некој кој е далеку, врската може да биде многу комплицирана. Не би требало да избрзувате со одлуките на приватен план. Зајакнете го имунитетот.
Водолија
Вашата иницијатива во текот на овој период ќе има позитивен впечаток кај вашиот надреден. Веројатно ќе добиете некаква финансиска помош од личност на која не сте сметале. Можете да доживеете романса со некој кој сте го запознале на службено патување. Оние во врска или брак ќе бидат во стабилни односи. Одлично се чувствувате.
Риби
Во наредниот период ќе можете да одлучувате за вашиот статус на работа, или ќе морате да се определите за една од двете понудени можности. Би сакале на партнерот да му пружите повеќе од што можете. Имате силна потреба со некаков подарок да му покажете колку ви е важен. Можни се стомачни проблеми.
Текстот Неделен хороскоп од 18 до 24 февруари е превземен од Reporter.mk.