Неделен хороскоп од 19 до 25 август

Овен

Пред вас е одличен период во кој ќе бидете многу задоволни од деловните активности. На полето за љубов исто така ви доаѓа среќа и радост со саканото лице. Здравјето е стабилно, без проблеми.

Бик

Ќе дојдете до остварување на деловните цели кои сте ги зацртале за овој период. Очекувајте почеток на сериозна врска која ќе трае долго. Можни проблеми со грбот, вкочанетост.

Близнаци

Ќе имате доволно слободно време, но сепак ќе ѝ се посветите и на работата и лесно ќе ги завршите сите обврски. Ново љубовно познанство може да се случи кога најмалку очекувате. Можни проблеми со дишните патишта.

Рак

Можете да очекувате значително подобрување на материјалната ситуација во наредниот период. Пред вас се мали кавги ии несогласувања со саканото лице иако тоа во суштина не го сакате. Склоност кон дебелеење.

Лав

Периодот не е поволен за работа и најдобро би било да се фокусирате на други работи во својот живот сега. Емотивно сте задоволни и доаѓате до стабилизација со саканото лице, по пролазната криза. Чувствителни очи, можна главоболка.

Девица

Доста размислувате за работата, но немате некоја конкретна причина за грижа бидејќи генерално се е на своето место. Кога станува збор за љубовта имате некои сокриени желби кои не сте и ги кажале на саканата личност. Можни проблеми со несоница.

Вага

Можете да се надевате на позитивна и стабилна ситуација на полето за работа во овој период. Љубовната ситуација е интересна, особено ако флертувате со некој лав. Здравјето е одлично.

Скорпија

Максимално сте посветени на остварувањето на деловните цели до кои сега доаѓате полесно отколку претходно. Кога станува збор за љубовта можете да очекувате една интересна средба на некое јавно место. Можна главоболка, зголемена температура.

Стрелец

Ве очекува позитивно патување во странство на кое ќе ги остварите своите цели. На полето за љубов ве очекува мала дистанца со саканото лице, но ќе успеете да ја пребродите. Одлично здравје.

Јарец

Ве очекува значително подобрување на материјалната ситуација со кое ќе бидете многу задоволни. Емотивно немате грижи ниту замерки и генерално добро се чувствувате покрај саканото лице. Можни проблеми со уринарниот тракт.

Водолија

Можете да очекувате позитивен период во кој нема да имате грижи поврзани за работата. На полето за љубов ве очекува романтична и топла атмосфера со саканото лице, а можеби ќе размислувате и за деца. Здравјето е без поголеми проблеми.

Риби

Ќе ѝ бидете посветени на работата во одредена мера бидејќи постојат некои работи кои сакате да ги завршите. Кога станува збор зз љубовта ситуацијата е вообичаена, не ве очекуваат некои поголеми промени. Имунитетот ќе ви биде зајакнат.

Текстот Неделен хороскоп од 19 до 25 август е превземен од Reporter.mk.