Овен
Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму постои можноста за провокации, па и конфликти кои нема да ви тргнат од рака. Затоа, не залетувајте се. Бидете трпеливи и негувајте го она што го имате. Дел од вас конечно ќе успеат да го отворат своето срце, ослободувајќи се од пречките или фрустрациите што ве запираат. Тоа ќе биде голем чекор напред во вашите лични односи.
Бик
Околностите и луѓето ќе ви помагаат да го остварите посакуваното. Помали проблеми можат да се јават поради нешта од минатото. Обидете се проблемите да ги решите на мирен начин, за да продолжите понатаму без непотребно оптоварување. Влегувате во понеповолна фаза во која ќе пропуштите неколку шанси. Тоа е така бидејќи сè потешко наоѓате заеднички јазик со припадниците на спротивниот пол.
Близнаци
Можно е овие денови да воспоставите или обновите деловни контакти со луѓе што работат на друг континент. Тоа ќе ви донесе профит и ќе ви ги прошири хоризонтите. Иако емотивно нема да се чувствувате исполнето, барем не онака како што би сакале, вашиот позитивен став ќе ви донесе некои љубовни поени. Партнерот ќе го цени тоа и ќе ја разбере вашата привремена незаинтересираност за љубов. Бидете трпеливи и тактични.
Рак
Резултатите од вашиот напор полека ќе излезат на виделина, но треба уште многу да се направи. Сепак, ќе постои задоволство и напредок во вашиот професионален живот. Оние чија работа е поврзана со менаџмент и водење на вработените, ќе бидат пофалени. Започнуваат квалитетни љубовни денови. Доколку постојат мали проблеми меѓу вас и партнерот, преку разговор ќе успеете да ги решите.
Лав
На луѓето од вашата околина ќе им изгледате посочувствително и ќе чувствувате поголема емпатија кон оние што се во страдање. Можеби ќе бидете збунети од она што се случува со вас, па тоа ќе биде причина да барате длабоки одговори на некои прашања. Оние кои се во долга врска ќе добијат силна потреба за интимност, што ќе им донесе многу убави моменти. Оние кои се во потрага по својата сродна душа, би можеле лесно да западнат во искушение на тајна љубовна врска.
Девица
Ќе ги решавате проблемите без поголеми тешкотии, користејќи го својот талент. На тој начин ќе ги импресионирате и луѓето околу вас. Својата силна енергија ќе ја вложите во зацврстување на односот со личноста која ја сакате. Ќе вложите многу труд со подеднакво важни резултати. Ќе имате оригинални идеи кои можат да ја изненадат другата страна. Но, не плашете се. Сепак, ќе бидете прифатени.
Вага
Оваа недела многумина од вас ќе решат многу важни животни прашања, а тука дефинитивно спаѓа работата, сигурноста и сопствените пари. Без разлика што понекогаш вашето љубовно расположение ќе спласне, и понатаму ќе бидете задоволни. Можеби нема да има толку атрактивни љубовни шанси, но она што до сега сте го изградиле е гаранција овие денови да ги поминете мирно.
Скорпија
Односот со вашите деца ќе биде подобрен, а многумина ќе размислуваат за проширување на семејството. Вашиот креативен потенцијал ќе вибрира и ќе имате желба да учествувате во уметничките проекти. На повидок е нова романса која многу ветува, а покрај тоа многумина од вас ќе заминат на патување. Наеднаш вашите планови за иднината ќе почнат да се менуваат и да стануваат поголеми.
Стрелец
Влегувате во фаза кога многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогаш тоа ќе изгледа како да ви се нуди работа од соништата, но бидете реални и внимателни. Сè што не ви е по мерак, оставете го. Останете професионалец. Веројатно малку ќе се оддалечите од саканата личност. Ова заладување нема сериозно да го сфатите, ќе го надминувате со хумор и позитивен став. Хуморот е здрав, но внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка.
Јарец
Не дозволувајте некој неправедно да ве критикува или да ги забавува вашите работни резултати. Потрудете се да ја контролирате вашата суета. Наместо да се натпреварувате и да ги надмудрувате односите со соработниците, применете го својот стил на однесување. Нема потреба по нечие наговарање да навлезете во финансиски или имотен ризик.
Водолија
Дејствувате многу одговорно пред својата околина и не дозволувате некој да го менува вашиот ритам или вашите планови. Имате претчувство дека вашите соработници имаат доволно доверба во вашето знаење или способности. Разубавете го вашиот љубовен живот, потрудете се да дејствувате доволно занесно и привлечно на саканата личност. Понекогаш треба да се препуштите на чувствата, без премногу предрасуди.
Риби
Доколку своите идеи ги претставите на интересен начин, ве очекува позитивен период и поддршка меѓу соработниците. Потребно е да испланирате различни детали кои влијаат позитивно на околината. Ако имате сериозна врска, потребно е да се ослободите од непотребната недоверба што ве спречува во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.
Текстот Неделен хороскоп од 20 до 27 август е превземен од Reporter.mk.