Неделен хороскоп од 27 мај до 2 јуни

Овен 

Проблематичен период во кој ќе се појават кавги и недоразбирања, но сето тоа ќе помине по оваа недела. Партнерот можеби ќе го промени однесувањето со вас, но заедничкиот искрен разговор ќе ви помогне да ги поминете сите пречки. Оваа недела ве очекува плоден период во кој ќе напредувате. Некои обврски можеби ќе ви бидат потешки, но со малку поголем труд ќе успеете да ги завршите. Проширувањето на вашите хоризонти ви носи нови деловни можности.

Бик

Оваа недела ви носи напнатост на љубовното поле, несогласување со партнерот и семејството. Обидете се работите да ги согледате реално и не паничете непотребно. Доаѓа период во кој ви е потребна финансика реорганизација, за тоа ќе ви биде потребна и помош од некој пријател кој ќе ви помогне и со деловните обврски. Не создавајте непотребни трошоци и однапред испланирајте ги потезите во делувањето. Не ја заборавајте физичката активност.

Близнаци

Оваа недела романтиката ќе преовладува во вашето љубовно поле, ќе се обидувате на секој начин да му удоволите на партнерот. Ќе организирате мали изненадувања кои позитивно ќе влијаат на вашата врска. Работата во оваа недела нема да претрпи некои поголеми промени, одлично ќе постигнете да ги извршите сите задачи, ќе учествувате на некои нови проекти, односно се ќе се одвива нормално. Концентрирајте се на финансиите. Стресот може да влијае на вашиот организам.

Рак 

Пријателите, семејството и партнерот оваа недела ќе ви забележат за многу работи. Ќе се посомневаат во искреноста на вашата љубов кон нив, а вие ќе се почувствувате отфрлено. Не го потценувајте искрениот разговор. Во оваа недела ќе ви се случат одлични промени, ќе забележите совршено добри резултати, ќе успеете да склучите некој многу важен договор. Можно е да ве демотивира стресот, но не се откажувајте од плановите. Парите нема да ви недостасуваат, но сепак не претерувајте.

Лав 

Одличен период за оние кои се во врска, можно е планирање на некое заедничко патување за релаксација со партнерот. Оние кои не се во врска ќе добијат неочекуван повик од некое лице со кое биле во минатото. Внимавајте да не им се вратите повторно на веќе поминатите проблеми. На работното место ќе ви биде прилично напорно, обврските ќе ве совладаат, а заморот комплетно ќе ве демотивира. Планетите неповолно ќе влијаат се до наредниот викенд. Ова е минлив период па затоа не се грижете.

Девица 

Ви се чини дека во последно време сте го запоставиле семејството и партнерот, и тоа всушност е така, но тоа ќе го оправдате со големите проекти на деловен план. Побарајте разбирање и ќе бидете сфатени. На крајот од неделата ќе дојде до подобрување на љубовен план. Ќе имате премногу обврски, кои ќе го земат и вашето слободно време. Немојте да бидете нервозни поради тоа бидејќи оваа недела под влијание на планетите ќе успеете да забележите одлични деловни резултати. На крајот на неделата ќе ги вкусите заслужените плодови од напорната работа.

Вага 

Сонцето кое навлезе во близнаци ќе ви донесе добро расположение. Позитивното расположение ќе привлекува луѓе во вашата близина па така ќе се чувствувате сакано и сигурно. На деловен план треба да се завртите кон реалноста и да ги скратите фантазиите. Погледнете ги досегашните постапки, променете нешто и гордо продолжете понатака. Не плашете се од големите чекори, но бидете реални. Општо, здравјето ви е добро, но мора доволно да се одморате.

Скорпија 

На љубовен план за вас доаѓа мирен период кој ви носи смирување во врска со партнерот. Ако сте во некоја нова врска, можеби нема да бидете задоволни од однесувањето на партнерот, а за тоа ќе ви биде потребен искрен разговор во кој ќе му ги кажете очекувањата. Сонцето кое влезе во близнаците ви носи време во кое мора да ги средите вашите финансии. Можен е дополнителен приход на кој не сте сметале. Доколку поради тоа потребно е да влезете во конфликт со некои луѓе, направете го тоа, но дипломатски.

Стрелец 

Сонцето во вашиот знак ви носи соларен циклус и обновена енергија. Ќе ви биде едноставно да постигнете се што сакате, но потребно е да намалите некои очекувања кои ви се нереални. Разговарајте со партнерот за сите ваши планови, но не претерувајте за да не го исплашите. За вас ова е плодна недела, но доколку се држите до реалните планови. Зафатете се за работа, планетите ќе ви помгонат, но сепак не очекувајте парите да паднат од небо, ќе биде потребно и вие да се помачите.

Јарец

Не можете да очекувате од партнерот тој да предвиди што сакате вие, потребно е да му кажете. Бидете трпеливи, некои нешта не може да ви ги исполни наеднаш. Оваа недела ќе се повлечете во себе и нема да ги откривате вашите планови. На работа можни се конфликти, особено ако се здружувате со одредена група на луѓе. Големата количина на работа ќе ве исцрпи. Ова е бурна недела каде ќе имате проблеми на деловното поле. Одморајте колку што можете.

Водолија

Се чини дека набрзина ги решавате работите со партнерот, само за да имате повеќе време за себе. Ќе наидете на отпор и незадоволство. Не се срамете да признаете дека нешто ви пречи, разговарате со партнерот. Оние кои се слободни, оваа недела нема да доживеат некои поголеми промени на љубовното поле. Пред вас е нов контакт кој може да ви донесе некои нови деловни обврски од кои добро ќе заработите. Потребно е повеќе да се трудите. Некои нешта на прв поглед нема да ви се допаднат, но навистина ќе немате друг избор. Со здравјето ќе биде се во ред ако водите сметка за хроничните болести.

Риби 

Љубовното поле ќе ви стагнира, нема да се залагате бидејќи ќе бидете оптоварени со деловното поле. Објаснете му на партнерот дека е потребно да има разбирање за вашата работа. Вашата кариера оваа недела ќе се движи во позитивна насока па можно е да дојде и до деловно напредување. Се ќе ви оди од рака, а професионалниот напредок е речиси загарантиран. Мора повеќе да му се посветите на здравјето, односно на здравата исхрана.

Текстот Неделен хороскоп од 27 мај до 2 јуни е превземен од Reporter.mk.