Неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Овен

Ќе сакате некаква промена, можеби нов партнер или можеби промена на друштвото кога станува збор за пријателите. Сепак немојте да бидете нагли во одлуките, можно е некого да повредите. Вашиот духовен раст ќе ви обезбеди напредување и средување на сите досега нејасни работи. Ви претстои стабилност и сигурност на работа, а и финансиската страна ќе ви биде значително подобрена. Зголемен замор кој ќе ви донесе главоболки.

Бик

Нема да имате ниту време ниту разбирање за вашиот партнер, само ќе му наредувате. Ќе бидете прилично непријатни и кон останатите блиски лица, па некој многу близок ќе ве напушти. Нема да прифатите ниту еден предлог од вашата околина. Пред вас е прилично плоден период на работата. Конечно дојде времето кога ќе ги добиете сите досега заслужени признанија. Луѓето на повисоките места ќе бидат импресионирани од вашата работа, а вашето его постојано ќе расте. Намалете со нервозите, можни се појави на зголемен притисок.

Близнаци 

Оваа недела Месечината ќе ве направи тешко лице за дружење. Ќе ви биде најдобро доколку малку се повлечете во себе и не комуницирате на иритантен начин со околината. Некого можете сериозно да го повредите и многу да загубите. Ќе имате поволни финансиски прилики. Ќе ја намалите својата зависност од некој или нешто, а тоа ќе ве направи многу задоволни. Решете ги финансиските проблеми додека се уште се мали. Можни се проблеми со белите дробови.

Рак 

Иако се чувствувате притиснати од барањата на другите кои само се зголемуваат како и одговорностите кои се повеќе ги имате, сепак ќе најдете време и за себеси. Посветете си љубов, грижа, нега и внимание самите на себе. Засега не се зафаќајте со поголеми работи или деловни одлуки. Имате поддршка зад себе, но работите ќе се одвиваат потешко поради работи што се случиле, а вие на нив не можете да влијаете. Намалете ги нервозите, за нив не сте платени.

Лав

Оваа недела ќе ви биде важно да останете отворени за секаков вид на комуникација, особено ако не сте во врска, а сакате да влезете во некоја. Немојте да вложувате повеќе од тоа што го добивате назад. Ако нешто не оди, едноставно не оди, сфатете го тоа. Ќе имате зголемени барања од страна на вашите надредени, па можно е да ви биде доделена некоја задача која воопшто не е од вашиот домен. Немојте веднаш да се буните, потрудете се да ја завршите и покажете дека сте одлични на секое поле.

Девица

Сонцето на крајот на неделата влегува во знакот на стрелец, па ако сакате забава и романтично време со саканото лице, ќе имате доста прилики за покажување, но и добивање на истото. Имате одредени потешкотии. За да ги решите морате посилно да се ангажирате околу своите обврски. Посветете им се на проблемите побрзо, не ги оставајте да седат на страна. Комуникацијата со соработниците и колегите нема да ви биде пријатна. Ќе се чувствувате одлично.

Вага

Ќе се опуштите, но немојте прерано да се радувате бидејќи се уште не е се како што треба во врската. Комуникацијата ќе ви биде малку потешка, но ќе ја поправите. Искрениот разговор со партнерот ќе ја разреши целосно непријатната ситуација меѓу вас. Финансиската ситуација е е најдобра. Ќе морате да смислите дополнителен план за штедење и да не си создавате непотребни трошоци. Добро размислете за деловните понуди кои ви се нудат.

Скорпија

Чувствата ќе ве однесат далеку од логичните нешта. Премногу му попуштате на партнерот, можно е тој да ве искористува за некои негови цели. Внимавајте и однапред планирајте се. Размислувајте со ладна глава. Не дозволувајте самозадоволството и самодовербата да ве излажат па да мислите дека можете да постигнете се, внимавајте да не се засрамите на работа. Некоја пренагласена реакција може да ве доведе во незавидна позиција.

Стрелец

Чувствувате дека е потребно да направите чекор наназад и да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате. Размислувајте оптимистички и сите нешта ќе бидат средени. Не се заморувајте со финансиите кои можеби ве спречуваат да преземете некој чекор повеќе, трудете се на поинаков начин да дојдете до посакуваната цел. Важно е да ги искористите вашите адути на правилен начин. Оваа недела ве очекува повеќе работа, затоа молчете и  работете, не се истакнувајте премногу туку обидете се да остварите добри резултати. Малку одмор добро би ви дошол.

Јарец

Оваа недела ќе бидете во можност да го вклучите вашиот шарм во своја корист. Ќе успеете да заведете некого, некој кој одамна ви се допаѓа. Оние во посериозни врски дополнително ќе ја разгорат страста. Треба да внимавате со документите поврзани за некои финансии, во спротивно ќе се најдете во хаос. Дадете си слободно време па прочитајте ги и најмалите букви во договорите кои ги потпишувате.

Водолија

Време е за завршување на работите поврзани со родителските односи кои ги одолговлекувате веќе долго време. Ако брзате ќе ги прескокнете важните чекори, па затоа имајте внимателен пристап. Партнерот од вас ќе бара повеќе објаснувања за вашите постапки. Иако на деловен план се е во ред, иако добивате признанија и награди, сепак внимавајте да не се опуштите. Потребно е да се залагате и работите со сета сила. Побарајте совет од поискусните колеги да ви кажат како да постапите во одреден момент.

Риби

Ќе ви се отвори можноста за решавање на еден важен проблем на приватен план, но потребно е најпрво да размислите за последиците. Оние што се во врска не смеат да му го завртат грбот на партнерот, а оние кои не се, нека не се откажуваат во потрагата по партнер. Оваа недела е малку неповолна на љубовен план, но доколку останте смирени ќе ги избегнете проблемите. Ќе се најдете помеѓу две групи кои војуваат на работа. За да не го извлечете најдебелиот крај, тргнете се настрана. Не треба да ве разочарува застојот во работата пробајте да го пронајдете вистинскиот пат.

Текстот Неделен хороскоп од 29 април до 5 мај е превземен од Reporter.mk.