Овен
Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Нема да бидете задоволни од приходите, зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат поради надворешни фактори и засега никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се.
Бик
Пред вас се нови љубовни можности, а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Ќе биде интересно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено, а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Сакате да видите конкретни резултати, а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално, но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро.
Близнаци
Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили, но објективно вашата врска е во ред. Најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите, работејќи го она што навистина го сакате. Атмосферата на работното место ќе се подобри, но од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале, па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу, туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални.
Рак
Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања, а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Времето е добро за истражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување.
Лав
Вашите љубовни апетити ќе бидат големи, а објективните можности малку помали. Сепак, ќе најдете рамнотежа и задоволство. По некоја фрустрација ќе споделите со пријателите. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Пуштете ги другите да се изразуваат на работа, а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни, трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.
Девица
Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај вашите сомнежи. Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува, но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите, особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи, зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција.
Вага
Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате. Некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваат за да ѝ ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате на работа, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка.
Скорпија
Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма, па сепак предајте му се на оној кого го сакате, најмногу зашто подоцна би пожалиле за пропуштената можност. Љубовта е се поблиску. Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките, но бидете реални и внимателни. Се што не е реално, оставете го. Не претерувајте со јадењето и пиењето.
Стрелец
Ќе комбинирате дискреција и гласност. Така, еден ден ќе живеете како кротка личност врзана за својот дом и доблестите, а веќе следниот ден ќе бидете главна личност на забава каде сите добро ќе се забавуваат. Оние во врска се добро. Ќе функционирате како спортист кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.
Јарец
Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено, освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кој ќе има доста забава, но многу помалку длабоки чувства. Сепак, нема да биде лошо. Само да не очекувате совршенство. Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место, ќе ги доработуваат заостанатите обврски, но не е страшно.
Водолија
Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост, додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижете.
Риби
Издржете го на мир првиот дел од неделата. Другата половина носи подобри љубовни влијанија, кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак, внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола се ќе биде подобро. Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не бидете премногу скромни, туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција, а уште повеќе можноста.
Текстот Неделен хороскоп од 29 јули до 4 август е превземен од Reporter.mk.