Овен
Работите на професионално поле полека се подобруваат. Во вторник можеби ќе имате можност да почеток на некој нов проект, но добро размислете дали ќе можете да го реализирате до крај. За време на викендот релаксирајте се дома гледајќи некој филм, време е да направите пауза од вечерните излегувања. Во недела, очекувајте подобрување на односот со вашиот партнер.
Бик
Ве очекува успех на професионален план. Ви следи и почеток на нов проект. Сепак, пред да го реализирате, направете листа од „за“ и „против“, па дури потоа решете дали ќе се впуштите во нешто ново. Искористете го празникот да се релаксирате, а ако имате можност заминете на продолжен викенд. Од недела, се подобруваат односите на љубовно поле.
Близнаци
Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму постои можноста за провокации, па и конфликти кои нема да ви тргнат од рака. Затоа, не се залетувајте. Бидете трпеливи и негувајте го она што го имате. Дел од вас конечно ќе успеат да го отворат своето срце, ослободувајќи се од препреките или фрустрациите кои ве кочат. Тоа ќе биде голем чекор напред во вашите лични односи.
Рак
И понатаму високо ќе целите, а околностите и луѓето ќе ви помагаат да го остварите посакуваното. Помали проблеми можат да се јават поради одредени нешта од минатото. Обидете се проблемите да ги решите на мирен начин, за да продолжите понатаму без непотребно оптеретување. Влегувате во понеповолна фаза во која ќе пропуштите неколку шанси. Тоа е така бидејќи тешко наоѓате заеднички јазик со припадниците на спротивниот пол.
Лав
Не дозволувајте некој неправедно да ве критикува или да ги забавува вашите работни резултати потрудете се да ја контролирате вашата суета. Наместо да се натпреварувате и да ги надмудрувате односите со соработниците, применете го својот стил на однесување. Нема потреба по нечие наговорување да навлезете во финансиски или имотен ризик.
Девица
Делувате многу одговорно пред својата околина и не дозволувате да некој го менува вашиот ритам или вашите планови. Имате претчувство дека вашите соработници имаат доволно доверба во вашето знаење или способности. Разубавете го вашиот љубовен живот, потрудете се да делувате доволно занесно и привлечно на саканата личност. Понекогаш треба да се препуштите на ритамот на чувствата без премногу емотивни кочења и предрасуди.
Вага
Доколку своите идеи ги претставите на интересен начин, ве очекува позитивен одек и поддршка меѓу соработниците. Потребно е да испланирате различни детали кои делуваат позитивно на околината и воедно ја поткрепуваат заедничката визија во успешната соработка. Доколку имате сериозна врска потребно е да се ослободите од непотребната недоверба или од емотивната кочница која вас ве спречува во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.
Скорпија
Влегувате во фаза кога многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогаш тоа ќе изгледа како да ви се нуди работа од соништата, но бидете реални и внимателни. Сè што не држи вода, оставете го. Останете професионалец. Веројатно малку ќе се оддалечите од саканата личност. Ова заладување нема сериозно да го сфатите, ќе го надминувате со хумор и позитивен став. Хуморот во секој случај е здрав, но внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка.
Стрелец
Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. Затоа, фатете се за работа и делувајте. Можна е мала расправија со партнерот, но со разговор сѐ може да се реши. Во втората половина на неделата внимавајте малку повеќе на здравјето.
Јарец
Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.
Водолија
Во неделата која ви претстои ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа. Докажувањето дека можете добро да поднесете поголема количина алкохол или мрсна храна само вас ќе ве загрози, а притоа и ќе оставите впечаток на незрела личност. Меркур ви дава можност за позитивни промени.
Риби
Времето поминато со саканата личност е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале. Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана.
Текстот Неделен хороскоп од 30 јули до 5 август е превземен од Reporter.mk.