Среде зима, на минусни температури, во сезона на грипови, настинки и респираторни проблеми, граѓаните се приморани да талкаат од една до друга аптека за да најдат лек на рецепт. Допрва е 19ти, а веќе во дел од аптеките квотите се потрошени. Оние на кои им требаат, мораат лековите да си ги платат на приватно, по повисока цена.
„За што плаќаме здравствено осигрување, кога не можеме да добиеме лекови во текот на целиот месец“ – коментираат граѓаните што ги анкетиравме.
Фондот за здравство веќе година ипол најавува решение со кое ќе се обезбеди постојан пристап до лекови на пациентите, но досега се остана само на најави. Според неофицијални информации на ТВ24, новиот модел на распределба на квотите на Фондот предвидува кратење на средстватаод големите ланци на аптеките, на сметка на средните и малите аптеки кои ќе добиваат повеќе квоти за лекови на рецепт. Тоа според големите ланци на аптеките ќе биде на штета на осигурениците, бидејќи како што тврдат малите аптеки немаат капацитет да набавуваат лекови.
Фондот за здравство ниту ги потврди ниту ги демантираше овие информации. Од таму не одговрија на ниту едно прашање адресирано до нив. Наскоро нјавија прес конференција на која ќе се произнесат на темата. Министерот за здравство вели дека веќе во предлог буџетотот на Фондот за 2019-та ќе има различна распределба на квотите за аптеките ширум земјава, со што ќе зголеми достапноста до лековите во текот на целиот месец.
„Освен тоа ќе се менува начинот на кој ќе се наплатуваат лековите односно ќе биде според процент на искористеност на квотата, а не според рецепт како што беше досега. Во секој момент нема да има никаква улога дали лекот што се издава на рецепт е од поскапите или од поефтините лекови, заради тоа што со издавањето на лекови на рецепт што се поефтини аптеките имаа поголема заработка и тоа беше една од причините зошто немаше лекови по 15и во месецот а со смена на оваа методологија веруваме дека тоа ќе се смени“. – изјави Филипче.
Надминување на состојбата со немање на лекови на рецепт после 15-ти во месецот и зголемена достапност на лекови – ова беше и ветување дадено во предизборната кампања и планот за живот на сегашната партија на власт.
Текстот Нема конкретно решение за проблемот со недостиг на лекови на рецепт после 15-ти во месецот е превземен од Reporter.mk.