Немилосрдно убиен црн носорог

Ловокрадците убиле 12-годишен црн носорог во Националниот парк „Лејк Накура“ во Кенија, соопшти националната служба за заштита на дивите животни.

Овој немилосрден настан се случил неколку дена откако властите објавиле дека 10 црни носорози, кои се сметаат за заштитен вид, починале поради неадекватно преселување.

Носорогот е убиен синоќа, соопштиле на „Твитер“ од кениската служба.

„Потрагата по ловокрадците е во тек“, се наведува во соопштението.

Пред четири дена, еден црн носорог кој го преживеал неадекватното премесување во новиот кениски парк, бил нападнат од лавови. Неговата смрт групата за зачувување на загрозени видови ја смета за национална катастрофа.

Претходно, 10 од 11 црни носорози, кои минатиот месец биле преместени во новото живеалиште, загинале од стрес и труење со солена вода. Немилиот настан се случил набрзо по префрлањето во Националниот парк Tsavo Ist. Ваквиот настан предизвикал протести од групите за зачувување на загрозените видови ширум светот, пренесува АП.

Борците за зачувување на природната средина во Африка вложуваат големи напори за заштита на подвидот на црниот носорог од ловокрадците, кои нелегално ги продаваат нивните рогови  на азискиот пазар.

 

 

 

Текстот Немилосрдно убиен црн носорог е превземен од Reporter.mk.