Украсувањето јајца со конец е многу едноставно. Дури и децата можат да го направат. Оваа идеја е подобра ако користите дрвени или јајца од стиропор. Сè што ви треба е еден конец, лепак, јајца и малку трпение.
Потребно:
- јајца од стиропор;
- конец во повеќе бои;
- лепак;
- ножици;
- молив.
Врвот на јајцето го мачкаме со лепак. Правиме со четкичката мала дупка и го туркаме во него конецот, а потоа почнуваме да го обвиткуваме јајцето полека и темелно, внимателно конецот да не се повлече. По лепењето на конецот на која било фиксна ширина, ја менуваме бојата, лепејќи конец на крајот од претходната боја. Потоа мачкаме со лепак и продолжуваме со обвиткување на конецот до крајот на јајцето. Чекаме лепакот да се исуши и јајцето е спремно.
Како ќе ги украсиме јајцата, зависи исклучително од нашата фантазија. Линиите од конецот можат да бидат широки или многу тесни. Можете да користите неколку бои, две или само една. На крајот, можете да додадете светки или други украси.
Уште една креативна идеја – додадете малку конец на врвот од јајцето да може да виси.
Текстот Необични велигденски јајца украсени со конец е превземен од Reporter.mk.