Ивана Благојевиќ (24) починала на својата свадба на 28.09.2008 година во Братунци, неколку часа по венчавката. Несреќната девојка почнала да игра на омилената песна „Почнете без мене“ на Аца Лукас, па паднала сред ресторанот пред стотината поканети гости. Откако пристигнале лекарите, утврдиле дека Ивана починала од срцев удар.
Свадбената веселба во Република Српска во 2008 година, прераснала во трагедија, која се случила само неколку часа откако Ивана Благојевиќ му рекла „да“ на својот избраник Драго Благојевиќ.
Драго Благојевиќ низ солзи вели дека не може да се помири со фактот дека неговата Ивана не е жива.
Со години се забавувавме и фантазиравме за заеднички живот. Едвај дочекавме свадба, за која се подготвувавме со месеци. Докторите рекоа дека починала од срцев удар. Едноставно и пукнало срцето од преголема среќа“, вели Благојевиќ.
Тој додава дека веселбата почнала во неделата утрото и дека Ивана цело време била весела и среќна.
Текстот Невеста починала на свадба е превземен од Reporter.mk.