Канаѓанецот Џејсон Фостер се обидел да го утеши својот единаесет годишен син Кејд, за неговиот роденден, откако ниту еден од поканетите другари не му дошол на забавата. Џејсон добил идеја да го слика Кејд сам покрај тортата, а потоа фотографијата ја објавил на „Твитер“.
„Никој од поканетите пријатели не дојде. Тоа боли“, напишал Џејсон на објавената фотографија од синот и ги тагирал хокеарскиот клуб Toronto Maple Leafs, како и хокеарите кои му се идоли на Кејд.
Тој ги замолил пријателите да покажат малку љубов и да напишат барем роденденска честитка. Објавата на Џејсон за кратко време станала вирална на социјалните мрежи, па почнале да стигнуваат честитки од некои од најголемите музички, спортски и филмски ѕвезди.
Честитки стигнале од Бен Стилер, канадскиот премиер Џастин Трудо и играчите на неговиот омилен хокеарски клуб.
„Не можеме да сватиме што се случи денес. Благодарни сме на сите кои испратија порака на Кејд. Им благодариме од срце. Тој е неверојатен син и овој ден никогаш нема да го заборави“, изјавил Џејсон.
Текстот Никој не дошол на роденденот на син му, па го сликал со тортата и побарал од пријателите да му честитаат е превземен од Reporter.mk.