Колумбијците постојано се шетаат на раскошниот имот на некогашниот озлогласен крал на дрогата Пабло Ескобар, за да го видат големото семејство на нилски коњи.
Во низата децени кои следеле по неговата смрт бројот на нилски коњи се зголемувал, така што денеска ги има повеќе од 50.
По неговата смрт, на неговиот имот на кој беше изградена зоолошка градина, има голем број на езгобитични животни кои ги донел од разни краеви на светот. Истите се превземени од државата и моментално со нив управува општината.
Повеќето животни во текот на годините биле префрлени во други зоолошки, но тоа не било случај со нилските коњи, кои на почетокот од само 4 сега се преку 50.
Митот за животот и наследството на Пабло Ескобар, еден од најпознатите светски нарко-босови, го привлече вниманието на мештаните и странците во колумбиското село Дорадале. Поради тоа општината Пуерто Триунфо, напуштената хацијенда ја претвори во тематски парк за посетители.
Полицијата или ги убила или затворила сите жители од целата наркобанда на Ескобар, но ги поштедила нилските коњи од неговата приватна зоолошка градина.
Оставени сами на себе, во огромната хацијенда со површина од 2000 хектар, нилските коњи во изминатиот период се размножиле и станаа најголемото крдо на нилски коњи надвор од Африка.
Биологот Давид Ешевери Лопез објаснува дека се работи за најголемото крдо на диви нилски коњи надвор од Африка. Ескобар во осумдесетите години од минатиот век купил четири од зоолошката градина во Калифорнија.
Стариот ранч на Ескобар се наоѓа на 190 километри од Меделина, градот според кој е наречен и неговиот картел. Ескобар бил еден од најмоќните, најбогати и најбрутални криминалци во светот.
Текстот Нилски коњи живеат на имотот на некогашниот нарко бос Пабло Ескобар е превземен од Reporter.mk.