Секој си има свој „хороскопски пар“, но за овој ѕвездите велат дека се совршен.
Кога станува збор за љубовта, астролозите секогаш посебно ги издвојуваат овие два хороскопски знаци кои заедно го сочинуваат најдобриот пар во хороскопот. Станува збор за Лавот и Вагата, меѓу кои хемијата е најсилна отколку кај било кој друг хороскопски пар.
Веќе при самото запознавање, меѓу нив може да се роди некоја голема обострана симпатија и привлечност затоа што Вагите се многу вешти во давањето комплименти, што супер им одговара на Лавовите кои обожаваат да бидат во центарот на вниманието.
Лавот е право животно возбудување за шармантната Вага и со него може може да доживее вистински огномет, како во кревет, така и во емоционалната смисла на зборот. Вагата му одговара на Лавот затоа што таа во него го буди најдоброто и го поттикнува да ги открие и оние страни од себеси за кои не ни знаел дека постојат.
Иако по многу работи се различни, она што им е заеднично е тоа што не се воздржуваат од покажувањето нежност еден кон друг, дури и Во јавност. Исто така, Лавовите и Вагите се сјајни во комуникацијата и сите проблеми ги решаваат со разговор, што ја прави нивната врска скоро нераскинлива.
Текстот Нивната хемија е најсилна: Хороскопски знаци создадени еден за друг е превземен од Reporter.mk.