Низ Париз со летечко такси за време Олимпијадата во 2024 година

Посетителите на Париз наскоро ќе можат да пристигнуваат во центарот на градот, возејќи се со летечко такси. Авионската компанија „Ербас“ работи заедно со францускиот транспортен оператор „РАТП груп“ на истражување и развој на „возила со вертикално полетување и слетување“ и се надеваат дека ќе бидат готови навреме за Олимпијадата во Париз во 2024 година.

За да стигнат во најстрогиот центар, патниците од аеродромот „Шарл де Гол“ користат такси, со воз стигаат за 35 минути, а со автобус од 45 до 90 минути. Операторот вели дека ќе направат напори „летечкото такси да биде достапно за најголемиот број луѓе“.

Менаџерот на аеродромот изјави дека до крајот на годината во регионот околу Париз ќе одберат локација за „вертипорт“ – простор каде што ќе слетува летечкото такси. Плановите се просторот да биде готов за 18 месеци, а ќе бидат потребни 10 милиони евра за изградба на инфраструктура.

Текстот Низ Париз со летечко такси за време Олимпијадата во 2024 година е превземен од Reporter.mk.