Уредниците на американскиот весник „Њујорк Тајмс“, на насловната страна ги објави 1000 имиња на починати од коронавирусот, со цел да укаже на бројката на починати од опасниот вирус во САД, која се доближува до 100.000.
САД се први во светот по бројот на заразени и починати од коронавирус. Според сајтот Worldometers, во оваа земја се забалежеани 1.666.828 заразени од коронавирус и 98.683 смртни случаи од корона.
„Њујорк Тајмс“ на насловната страна објави еден процент од сите тие случаи, а во поднасловот пишува дека тоа не се само имиња на листата.
„Тие беа меѓу нас“, истакнува „Њурјок Тајмс“.
Текстот „Њујорк Тајмс“ на насловна објави 1000 имиња на починати од коронавирус е превземен од Reporter.mk.