Ноа Сентинео ќе го глуми „Хи-мен“

Тинејџерската ѕвезда Ноа Сентинео ќе го глуми „Хи-мен“ во новиот филм за „госпорадот на вселената“. 22-годишниот глумец, кој се прослави со романтичните комедии на „Нетфликс“, ова го откри во интервју кај Џими Фелон.

„Не можам да опишам колку сум возбуден, ова е неверојатна можност за мене“, рече Ноа во интервјуто.

Тој додаде дека сценариото е скоро готово и дека еден од најпопуларните цртани филмови од 1980-те години ќе добие нова филмска верзија. Претходно, во 1987 година, Хи-мен го глумеше Долф Лундгрен.

 

Текстот Ноа Сентинео ќе го глуми „Хи-мен“ е превземен од Reporter.mk.