Повеќето граѓани на Нова Каледонија, 59.5%, денеска излегоа на референдумот да гласаат против независноста од Франција.
Бирачите денеска гласаа на историскиот референдум за самоопределување. Нова Каледонија била колонија на Франција, а подоцна добила статус на прекуморска територија. Централните власти во Франција и локалните власти во Нова Каледонија во 1999 година, постигнале договор за широка автономија на територијата.
Нова Каледонија е архипелаг во Пацификот. Се наоѓа на 1210 километри источно од Австралија и 16.136 километри од матичната Франција. Има околу 270.000 жители, од кои 40% се припадници на заедницата домородци Канак, а 27% се Европјани.
Текстот Нова Каледонија не сака независност од Франција е превземен од Reporter.mk.