„Инстаграм“ нуди нова опција со која ќе можете сами да исфрлате луѓе од вашата листа на следачи. Ако не сакате некој да ве следи и да ги гледа вашите постови, можете да го исфрлите рачно, а „Инстаграм“ нема да го извести за тоа, велат креаторите на оваа социјална мрежа.
Оваа опција е во фаза на тестирање и ја немаат сите корисници на „Инстаграм“, но таа се шири сè повеќе, а можете да ја добиете со апдејт на апликацијата. За да видите дали ја имате оваа опција, одете на почетната страница на својот профил на апликацијата и изберете ја листата на следачи. Покрај секое име треба да има три вертикални точки. Кликнете на нив и ќе ви се појави прозорче со опција да го исфрлите тој следач. Последниот чекор е да кликнете remove. Овие луѓе веќе нема да може да ги гледаат вашите фотографии, видеозаписи и приказни исто како тие да го направиле тоа.
Текстот Нова опција на „Инстаграм“, тргнете ги тие што не сакате да ве следат е превземен од Reporter.mk.