Преку ноќта и изутринава времето во Македонија беше облачно со врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег.
Денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни. Во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, по должина на Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. В недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.
Текстот Новa снежна покривка во Македонија е превземен од Reporter.mk.