Нови трикови за успешно да ги тргнете сите дамки

Дали некогаш ви се причинило дека тргањето на дамки може да трае вечно?

Од тепих до облека, еве го нашиот сеопфатен водич за тргање на тврдокорните дамки. Кога е во прашање успешното тргање на дамки, постојат различни начини тоа да се направи, но единственото нешто што им е заедничко е тоа што морате брзо да се ослогодите од нив.

Дамка: цвекло/кафе/чај

Постапка: потопете ја облеката во ладна вода и пуштете да отстои еден час. Нанесете средство за чистење како што е течниот прашок на дамката, а потоа нормално исперете.

Дамка:Црвено вино

Постапка: процедете или исперете ја со газирана вода и на крај исплактнете.

Дамка: Лак за нокти

Постапка: користете средство за тргање на лакот за нокти или ацетон за сите ткаенини, освен синтетиката, а потоа исперете ги како и обично.

Дамка: масло за јадење/маргарин/маст

Постапка: истурете врз дамката брашно или детергент и оставете еден час, а потоа исперете ја на најтопла можна температура во склад со материјалната ткаенина.

Дамка: кармин за усни

Постапка: нежно истријте ја ткаенината со крпа и сапун или детергент, а потоа исперете ја.

Дамка: чоколадо/јајца/кари/чили

Постапка: претходно сипете детергент за перење директно на дамката, а потоа оставете ја неколку минути пред вообичаеното перење.

Дамка: мувла

Постапка: за сите ткаенини, освен волната и свилата, истурете шолја со лимонов сок, оставете ја преку ноќ и потоа исперете како и обично.

Дамка: лепак

Постапка: истријте ја со ацетон (средство за тргање на лак од ноктите)

Дамка: крв

Постапка: свежата дамка веднаш исперете ја со ладна вода, а потоа исперете ја како и вообичаено. Кај постарите дамки, нанесете детергент за перење директно на дамката, а потоа натопете ја со вода која содржи повеќе детергент и оставете ја да отстои два часа пред нормалното перење.

Дамка: трева

Постапка: тревата е комбинација од протеини и боја. Детергентот треба да ги тргне поголемите дамки. Остатата боја натопете ја во шпиритус.

Дамка: боја

Постапка: бои на водена основа, акрилни, темперни и поликолор, исперете ги во вода додека уште се влажни, а потоа исперете ги како и обично. За боите и лакови на база на масло, користете сунѓер и шпиритус, а потоа нормално исперете ги. Исушената боја може да се изгребе или тргне, но тешко е да се испере.

Дамка: пот

Постапка: користете оцет или лимонов сок. Со сунѓер и со оцет исперете ја флеката. Користете лимонов сок доколку е во прашање волна. Потоа исперете и исплакнете.

ТЕПИСИ

Дамка: крв

Постапка: користете ладна вода затоа што ладната вода го спречува продирањето на крвта во влакната од тепихот. Помешајте детерент за перење со ладна вода во шише со распрскувач и попрскајте ја дамката. Доброто намокрете ја дамката, а потоа исушете ја со пешкир.

Дамка: кафе

Постапка: најпрво избришете ја со бел пешкир. После тоа помешајте оцет, вода и детергент, попрскајте ја дамката и повторно избришете. Продолжете ја постапката додека дамката не исчезне.

Дамка: мастило

Постапка: навлажнете чиста, бела крпа со дестилиран алкохол и полека испрскајте ја дамката додека не исчезне. Немојте никако да триете затоа што би можело да предизвика ширење на дамките. Дамката исперете ја со вода и по потреба повторете ја целата постапка.

Текстот Нови трикови за успешно да ги тргнете сите дамки е превземен од Reporter.mk.