Спиењето на работа може да биде проблематично, но замислете во таква прилика, шефот, наместо отказ и казна, ви врачи чек од 200 долари.
Толку неделно се плаќа за она што буквално може да се нарече „работа од сништата“. Еден продавач на душеци за кревети објавил оглас во кој се наведува дека компанијата вработува нови луѓе за тестирање на душеците. Се наведува дека е потребно кандидатите да имаат повеќе од 18 години и да се подготвени да ја тестираат својата моќ за одмор.
If you have an opinion and you can fall asleep , this job was made for you. Apply to be our Snoozetern today: https://t.co/Ex3McMvm85 pic.twitter.com/pfUlOgJKhK
— Mattress Firm (@MattressFirm) July 11, 2018
Во огласот исто така стои дека тестирањето на удобноста на душекот не се однесува само на спиење, туку и на пронаоѓање на најдобрите пози за опуштање во креветот.
Mattress retailer hiring intern to sleep at Houston headquarters for $200 per week https://t.co/kcefNi0xU6
— Fox News (@FoxNews) July 21, 2018
„Испробајте кои се најдобрите позиции на нозете и главата додека одморате. Мараонски гледате во својата омилена ТВ серија, или додека сте на Инстаграм, пишувате на лаптоп или јадете во кревет. Откријте колку јастуци ви се неопходни за завршното селфи“, пишува во огалсот.
Зад овој примамлив оглас стои, како што објаснил и самиот менаџер на ова компанија, не само желбата на најдобар начин се тестираат нивните производи, туку и целиот план, од спиењето да се направи сериозна и детална анализа за различните потреби на купците, преку кампањите на социјалните мрежи.
Тоа би значело дека нивните нови вработени ќе станат вистински експерти за спиење и одморање. За жал, за оваа работа ќе мора да се пријават само луѓе од Хјустон и околината, иако судејќи според социјалните мрежи, за истата заинтересирани се лица од целиот свет.
Текстот Објавен оглас за работници кои треба да спијат на работа е превземен од Reporter.mk.