Во Британија деновиве се промовира новата книга за Ејми Вајнхаус, која низ фотографии го опишува животот на починатата пејачка на сцената, но и надвор од неа. Фотографиите на Блејк Вуд, близок пријател на Вајнхаус, ја покажуваат ѕвездата во поинакво издание, без големата перика, опуштена, насмеана.
„Нивната блискост придонесе Блејк да ги направи најискрените слики од Ејми“, велат од издавачката куќа „Ташкен“, која ја отпечати книгата.
Фотографиите вклучуваат концертни настапи во Париз, проби во домашното студио во Лондон, одмор во Сент Луција. Во книгата има 85 фотографии.
„Книгата е визуелен дневник на секојдневниот живот на една од најталентираните современи џез-пејачки“, велат издавачите.
„Ејми имаше толку многу лица, тоа е како осум различни луѓе, но тие живеат заедно и сите се дел од неа“, рекол Вуд. Тој поминал шест месеци со Ејми на островот Сент Луција додека таа се лекувала од зависност од хероин. И насловната страница на книгата е слика на островот, каде Ејми јава коњ на плажа.
Текстот на фотографиите го направи Ненси Џо Салс, новинар во „Венити фер“ и „Гардијан“.
Текстот Објавена книга со слики од приватниот живот на Ејми Вајнхаус е превземен од Reporter.mk.