Објавени лични податоци, адреси и телефони на богаташи на интернет

На илјадници богати жители на Москва, на интернет им биле објавени на интернет, пренесува „Ројтерс“. Објавени се имињата, адресите на живеење и броевите на мобилните телефони, пренесува агенцијата.

Сите лица на кои им биле објавени податоците биле клиенти на интернет провајдерот Аkado telekom, компанија во сопственост на милијардерот Виктор Вокселберг.

Од компанијата соопштиле дека истрагата е во тек. „Ројтерс“ пренесува по направениот увид во објавените податоци, бил препознает телефонски број на висок претставник на руската Влада, познат режисер, како и роднина на еден познат бизнисмен.

Сите податоци се објавени во база податоците на Регионалниот интернет регистар за Европа, Блискиот исток и делови од Централна Азија, изјавил ИТ специјалистот Владислав Здолјников.

Akado telekom е одговорен за податоците кои се објавени во база податоците на интернет регистарот, изјавил Алексеј Семенјак.

Тој потврдил дека Akado telekom навистина ги објавил личните податоци на своите клиенти во таа база на податоци и дека секој може и има слободен пристап до нив.

Во Русија нелегално е да се објавеат лични податоци од 2006 година, а пропишаната казна е најмногу 50.000 рубљи, односно 756 американски долари.

Текстот Објавени лични податоци, адреси и телефони на богаташи на интернет е превземен од Reporter.mk.