По скоро четиригодишно патување, леталото „Хајабуса-2“ на Јапонската вселенска агенција пред неколку дена спушти два мали робота на астероидот Рјугу кои ги направија првите слики и видеа од површината на некој астероид. Тие се првите роботи што некогаш слетале на астероид во движење. Астероидот Рјугу се наоѓа на 280 милиони километри од Земјата.
„Испишавме историја. Ова треба да ни даде нови сознанија за настанувањето на сончевиот систем“, велат од Јапонската вселенска станица.
Ова е првпат во историја да се изведе вакво слетување. Користејќи ја малата гравитација на астероидот, роботите можат да потскокнуваат по неговата површина и да се задржат во воздух до 15 минути.
Мисијата за да се спуштат роботите на астероидот почна во јуни 2014 година. Леталото „Хајабуса-2“ ќе се врати на Земјата со собраните податоци во 2020 година.
Текстот Објавени првите снимки од површината на астероид во движење е превземен од Reporter.mk.