Очилата, било да се за вид или сонце, отсекогаш се сметале за едни од најдобрите додатоци во комбинирањето на стајлингот.
Од кога се појавиле во модната индустрија до денешен ден, можевме да видиме голем број различни модели кои се разликувале спрема обликот на рамката, различните бои, финиши, детали… Секој можел да го најде соодветниот пар очила спрема својот вкус, но и тековните трендови.
Меѓутоа, трендовите доаѓаат и си одат, а се задржуваат само оние стилови кои привлекуваат доста внимание и доволно се свестрани за да би се искомбинирале со апсолутно сѐ. Оваа есен ќе има потполно пет сјајни модели кои ќе ви ги претставиме во продолжение… Одберете ги своите омилени!
Само со горниот дел од рамката
Потполно необични очила кои ќе го наочат фокусот на вашите очи и на вашата шминка ќе ѝ дадат посебен шарм.
Авијаторки
Авијаторките се модна класика која никогаш нема да излезе од мода. Сепак, оваа есен фокусирајте се на модели со вибрантни и неочекувани бои на рамки.
Инспирирани од стилот на седумдесетите
Доколку ги следите трендовите, тогаш овој стил е апсолутно парче кое мора да го имате. Малку се „хипстерски“, но лесно ќе се вклопат во разни стилови. Тие се како нашите омилени предимензионални очила за сонце, само за внатре.
Како метална жица
Очилата со тенка рамка која потсетува на метална жица која е ултра тренди, па зошто да ѝ дадете шанса оваа есен?
Транспарентни
Очилата со проѕирна рамка се на врвот веќе неколку сезони, а и оваа нема да биде исклучок. Од кристално чисти, до модели со нежни видливи нијанси, секој ќе се усогласи со било што и да облечете.
Текстот Очила кои мора да ги имате оваа есен е превземен од Reporter.mk.